Рецепт: Зимска салата Туршија на грчки начин
Една од завршните
фази на подготовката на вашата зимница може да биде спремањето на
таканаречената туршија. Постојат многу различни рецепти за туршија а изборот на
различен зеленчук е според вкусот. Некои велат дека е подобро да ставите зелени
плодови отколку црвени.
Од зеленчук вообичаено се става пиперки, патлиџани, краставички, карфиол и моркови во количина и сооднос како што ви одговара.
Од зеленчук вообичаено се става пиперки, патлиџани, краставички, карфиол и моркови во количина и сооднос како што ви одговара.
Состојки
8 кг на различни зеленчук
5 литри вода
1,5 литри на оцет
7 лажици шеќер
7 лажици сол
40 g винобран
црн пипер во зрно, ловоров лист
5 литри вода
1,5 литри на оцет
7 лажици шеќер
7 лажици сол
40 g винобран
црн пипер во зрно, ловоров лист
Подготовка
Измијте го и исчистете го зеленчукот. Наизменично
редете ги различните видови зеленчук во пластично буре или во поголеми тегли. Низ
зеленчукот повремено посипете зрна црн пипер и ловоров лист. Во поголем
сад направете го растворот: во ладна вода
сипајте оцет, сол, шеќер и винобран. Промешајте и почекајте состојките
добро да се растворат. Потоа растворот сипајте го во бурето или во теглите
и затворете. Вака подготвената туршија може да се консумира после 2-3 недели а
зеленчукот останува цврст до подготовката на следната туршија, под услов да се
купени здрави, цврсти и квалитетни плодови.
Кај оваа туршија е интересно тоа што,
ако некој зеленчук се потроши побрзо, може да се додаде нов, дури и во текот на
зимата.
Погледајте ги исто така и нашите други
рецепти за зимница: кисели краставички, руска салата, црвена пиперка, карфиол,
домашен ајвар како и ајвар со шампињони!
Уживајте оваа зима со вашата подготвена туршија. Добар апетит!
Уживајте оваа зима со вашата подготвена туршија. Добар апетит!
Коментари
Постави коментар