Екстра зимница: Рецепт за зимска руска салата во 6 чекори

Еден од највкусните специјалитети од вашата зимница е секако и таканаречената руска салата. Тешко може да се замисли комплетна зимница без неизбежната зимска руска салата. Некои уште ја нарекуваат мешана салата. Погледајте го нашиот предлог рецепт.

Состојки за маринадата

  • 750 ml оцет 
  • 250 g шеќер 
  • 150 g сол 
  • 250 ml вода, 
  • 500 ml масло 
  • црн пипер во зрно

Други состојки

  • 1 кг моркови 
  • 1 кг краставички
  • 1 кг карфиол 
  • 1 кг свежа зелка 
  • 500 гр зелени домати  
  • 500 гр зелена пиперка

Подготовка

1. Зеленчукот добро измијте го и исчистете го.
2  Краставичките, морковите, доматите и пиперките ги сецкате на тркалца. Карфиолот го делите на помали китки а зелката ја рендате.
3. Во лонец ги редите прво морковите, потоа краставичките, пиперките, доматите, карфиолот и зелката.
4. Ги ставате состојките за маринадата во посебен помал лонец и ги ставате на оган. Штом зоврие маринадата, со неа го преливате тоест го попарувате зеленчукот. Оставете така да одстои 15 мин. Потоа полека ја процедувате маринадата од лонецот. Повторно, ја варите маринадата и го преливате зеленчукот повторно. Ова го правите три пати.
5. После тоа ја оставате маринадата внатре, преклопете и оставете во текот на ноќта. Следниот ден наутро, ја мешате салатата во лонецот и ја распоредувате  во тегли, преливате со маринадата и ги затварате теглите со капак. Некои не ги затвараат теглите веднаш туку чекаат до вечер да видат дали треба да се додаде маринада бидејќи вообичаено останува малку повеќе течност во лонецот, и навечер ги затваррат теглите.
6. Нестрпливо ја чекате зимата за да поченете да ја јадете вашата зимница и да уживате во прекрасниот вкус на вашата руска салата.

Погледајте ги исто така рецептите за домашен ајвар и кисели краставички за што побогата зимница

Коментари

Постави коментар

Популарни постови