Домашни рецепти за зимница: Модар патлиџан во тегли
Бидејќи е време
на зимници, денес погледајте како да подготвите модар патлиџан во тегли за вашата зимница.
Состојки
околу 3,5 кг модар патлиџан
1,2 л вода
500 ml оцет
40 g сол
40 гр шеќер
произволна количина на свеж магдонос и лук
масло за јадење
1,2 л вода
500 ml оцет
40 g сол
40 гр шеќер
произволна количина на свеж магдонос и лук
масло за јадење
Подготовка
Измијте ги модрите патлиџани и исечете ги
парчиња. Посолете ги и оставете ги 5-6 часа.
Исцедете ги модрите патлиџани. Сварете
ја водата со оцет, сол и шеќер. Спуштајте ги полека модрите патлиџани во
течноста и гответе ги околу 5 минути. Оставете ги да се процедат.
Просушете ги модрите патлиџани со кујнска
хартија, а потоа наредете ги во стерилизирани тегли. Секој слој на модар
патлиџан посипете го со ситно сецкан лук и магдонос. На крај се прелива со
масло за јадење (обично сончогледово масло или комбинација на сончогледово и
маслиново масло)! Теглите добро затворете ги и чувајте ги на ладно место.
Вака подготвениот модар патлиџан во
тегли, можете да го консумирате веднаш како прилог со компир и ориз, според
вкусот. Добар апетит!
Погледајте ги и останатите рецепти за зимница: туршија, зимска руска салата, кисели краставички, маринирани печени црвени пиперки, кисел карфиол, домашен ајвар или ајвар со шампињони.
Коментари
Постави коментар