Рецепт: Кисел карфиол за зимница

Поради својот специфичен, благ вкус и јасна текстура, киселиот карфиол е идеален зеленчук за вашата зимница. Погледајте како да подготвите кисел карфиол за зимница.

Состојки

2 кг карфиол
лимон
листови лорбер
бел оцет
црн пипер во зрно
сол

Подготовка на кисел карфиол

Карфиолот поделете го на помали цветови.
Ставете да проврие поголема количина вода со малку кора од лимон (за да се ублажи мирисот на карфиолот), ставете ги внатре цветовите карфиол, додајте 2-3 капки лимонов сок и варете 4-5 минути.
Со решеткаста лажица извадете го карфиолот од течноста и ставете го на цедилка да се исцеди и излади.
Изладениот карфиол редете го во стерилизирани тегли.
Растворот за киселење го правите така што оцетот го ставате да проврие со малку сол, неколку зрна црн пипер и листовите лорбер. Со врелиот раствор, прелијте го карфиолот во теглите, оставете да се излади и затворете ги теглите.
Доколку не сакате карфиолот да биде многу кисел тогаш претходно разблажете го оцетот со вода.

Теглите кисел карфиол за вашата зимница, чувајте ги на суво и ладно место.
Добар апетит!

Коментари

Популарни постови