Домашен рецепт за маринирана печена црвена пиперка

Еден од најомилените специјалитети во традиционалната зимница кај нас е секако печената црвена пиперка и посебно маринираната печена црвена пиперка. Откако ги видовте нашите предлог рецепти за домашен ајвар, кисели краставички и зимска руска салата, погледајте го сега нашиот предлог рецепт за маринирана печена црвена пиперка
Наместо да ги ставате печените црвени пиперки во замрзнувач, вие можете да ги подготвите на следниот начин.

Состојки

250 ml оцет
250 ml масло за јадење
300 g шеќер
200 гр сол
2 чешниња лук
50 парчиња црвени пиперки
2 врзанки магдонос
црн пипер во зрно

Подготовка

1. Измијте ги пиперките, испечете ги на скара или во рерна. Наредете ги во подлабок сад, покријте ги и оставете да се изладат и потпарат.
2. Излупете ги пиперките и извадете го семето, внимавајќи притоа пиперките да останат цели. Ставете ги во цедалка за да се исцедат добро.
3. Загрејте ги во лонец маслото, оцетот, солта и шеќерот. Потоа додавајте ги пиперките и варете ги кратко во оваа маринада, околу 10 минути.
4. Ситно исецкајте го лукот и листовите магдонос.
6. Во теглите редете ред црвена пиперка, потоа посипете ги со лук и магдонос, потоа повторно пиперки и така натаму се додека се наполни теглата.
7. Потоа налејте во теглата од маринадата, оставете да стои во текот на ноќта за пиперките да ја апсорбираат течноста. Ако е потребно додадете уште маринада во теглите.
8. Поклопете и чувајте на ладно.
Се надеваме дека ви се допадна нашиот предлог рецепт за маринирана печена црвена пиперка. Добар апетит!

Коментари

Популарни постови