Рецепт за домашни кисели краставички – корнишони

Откако ви покажавме рецепт за подготовка на домашен ајвар, на ред е еден од неизбежните продукти кога подготвувате зимница. Тоа се нашироко омилените кисели краставички или како што некои ги нарекуваат корнишони според една позната сорта на краставички. Погледајте го нашиот предлог рецепт за домашни кисели краставичкикорнишони коишто освен што се домашни се и исто така и природни.

Состојки

  • мали краставички по желба
  • гранчиња копер по желба

Раствор за киселење

  • 1 литар вода
  • 2 лажици шеќер
  • 1 лажица сол
  • 1 лажичка бибер во зрно
  • 0,03 л 80% оцетна киселина

Подготовка

1. Набавете количина на кисели краставички колку што сакате.
2. Сварете го растворот од вода, шеќер, сол, бибер и оцетна киселина и оставете го да се излади.
3. Потоа направете го следното со вашите кисели краставички исчистете ги, измијте ги и исушете ги на кујнска салфетка и потоа наредете ги во тегли.
4. Во наполнетите тегли со кисели краставички сипајте го подготвениот раствор и веднаш затворете ги цврсто со капакот којшто претходно е натопен во алкохол.
5. Во поголем сад ставете кујнска салфета и на неа наредете ги теглите такашто да не се допираат меѓусебно. Потоа дополнете го садот со вода на висина од 2-3 см под врвот на теглите. Покријте го сето тоа заедно со друга кујнска салфета и ставете ги на шпоретот. Загревајте на тивок оган се додека водата не почне да шуми, и потоа оставете така 5 до 10 минути.
6. Полека тргнете го садот од шпоретот и оставете го сето тоа покриено 24 часа се додека не се излади целосно. Таквите закиселени и пастеризирани краставички може да се чуваат на ладно и темно место и повеќе години.

Коментари

Популарни постови