Како да Направите Добра Домашна Зимница

Се наближува времето за вашата зимница и затоа ќе ве потсетиме на некои корисни и практични работи во врска со тоа. Доколку пак досега не сте биле вклучени во подготовката на зимница во вашето семејство, тогаш ова е можност за вас да дознаете што ви е потребно за да направите добра домашна зимница.


Иако во денешно време многу различни видови на храна се достапни во текот на годината во супермаркетите, многумина сеуште сеуште не се откажуваат од подготвување на домашна зимница.
Печењето, варењето и маринирањето на свежо овошје и зеленчук, се традиционални активности во многу домаќинства пред доаѓањето на зимата. во коишто може да учествува целото семејство. Оние коишто немаат своја башта или градина, можат да најдат голем избор на овошје и зеленчук за спремање на зимница, на пазарите. Така на пример, во понудата на пазарите може да најдете пиперки, домати, модар патлиџан и краставици за маринирање тоест киселење и за ајвар, како и сливи, јаболка и круши за џемови и мармалади.

Прибор потребен при подготвување на домашна зимница

Старите експерти за подготвка на зимница, препорачуваат користење на највисок квалитет на овошје и зеленчук, како и за готвење во емајлирани, огноотпорни и алуминиумски садови. Што се однесува до садовите за чување на храната, најважно е тие да бидат неоштетени и чисти, затоа е најдобро да користите нови тегли со метални капаци. Теглите и капаците треба да се измијат и стерилизираат во зовриена вода (да се држат така 10 минути) и да се исцедат пред полнењето со зимница.

Некои тегли се стерилизираат така што после миењето се држат отворени околу 5 минути во загреана рерна на 200 степени или десетина минути на 150 степени.Пред полнењето, капакот и врвот на теглата може да се пребришат со алкохол, а некои во теглата ставаат малку ракија  и добро ја протресуваат, заради уништување  на бактериите што служи и како дополнителен вкус, како на пример кај џемот.

Конзервирање

За солена зимница од зеленчук, најдобри конзерванси се сол, оцет и масло, а за слатката зимница од овошје ќе ви треба шеќер и згуснувач. Во зависност од она што сакате, во слатката зимница, можете да додадете цимет, кора од лимон или ванила, а ако сакате да избегнете парчиња овошје, користете миксер.

Наредниот пат ќе ви покажеме добар рецепт за домашен ајвар. Затоа следете го нашиот блог и нашата Фејсбук страница.

Коментари

Популарни постови